Бизнис вести

Цените на угостителските услуги во октомври останале исти како во септември

Според Државниот завод за статистика, мало зголемување е забележано кај храата и пијалоците, додека кај ноќевањата има намалување

петок, 03 ноември 2017

Цените на угостителските услуги во октомври останале исти како и во претходниот месец. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0,1 процент, Алкохолни пијалаци за 0,2 проценти и Безалкохолни пијалаци за 0,3 отсто, додека во групата Ноќевања има намалување за 0,5 проценти.

Индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2017 година, во однос на истиот месец минатата година е зголемен за 0,8 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари - октомври 2017 година, во однос на истиот период од минатата година е зголемен за 0,7 проценти.

 

Содржината е прочитана 171 пати.