Бизнис вести

НБРМ предвидува раст на БДП за годинава за 0,5 отсто

Ревидираната априлска проекција од 2,5 отсто се должи на трендот негативни реултати од првиот заклучно со третиот квартал

четврток, 02 ноември 2017

Народната банка на Република Македонија ја ревидираше проекцијата за раст на БДП за оваа година на 0,5 отсто, кој во април беше проектиран на 2,5 отсто. За следната година, пак, растот на економијата засега останува непроменет и е проектиран на 3,2, додека за 2019 година на 3,5 отсто.

Гувернерот на НБРМ, Димитар Богов рече дека ваквите проекции се должат на трендот негативни резултати од првиот заклучно со третиот квартал, односно на падот на индустриското производство и на градежништвото. Се очекува дека во последното тромесечие од оваа година економските показатели ќе бидат подобри, а тоа ќе резултира со раст на економијата од 0,5 проценти.

„За следната година се очекува стабилен амбиент и исцрпени ефекти од домашната политичка криза. Се очекува подобрување на надворешното опкружување, што ќе се услови зголемување на извозот, забрзување на инвестициите во инфраструктурата и зголемување на странските инвестиции, како и зголемена доверба на домашните субјекти“, рече Богов.

 

Содржината е прочитана 143 пати.