Бизнис вести

Прв состанок на координаторите на процесот за создавање регионална економска зона на Западен Балкан

Со зоната регионот треба да се трансформира така што ќе овозможи стоките, услугите, инвестициите и квалификуваните луѓе да се движат слободно, а ќе се олесни и трговијата

среда, 01 ноември 2017

Почнуваат првичните активности околу формирањето регионална економска зона на Западен Балкан. Откако на самитот во Трст беше договорено создавање една таква зона, сега во Брисел се одржа прв состанок на координаторите на тој процес, на кој присуствуваа и преставници на Регионалниот совет за соработка (РСС).

Генералниот секретар на РСС, Горан Свилановиќ, во своето воведно излагање најави дека следните чекори се да се олесни меѓусебното признавање на професионалните и академски квалификации, да се создаде единствена роаминг-територија по примерот на Европската унија, потоа да се организира дигитален самит заедно со германската влада и Европската комисија, да се изгради консензус за регионалната агенда на инвестициски реформи и да се развие заедничка регионална иницијатива за промоција на инвестициите.

Целта на формирањето регионална економска зона на Западен Балкан е да се трансформира регионот на начин што ќе овозможи стоките, услугите, инвестициите и квалификуваните луѓе да се движат слободно без тарифи, квоти или други пречки и каде што трговијата ќе биде олеснета повеќе од тоа што го предвидуваат правилата на Светската трговска организација.

 

Содржината е прочитана 153 пати.