Бизнис вести

Предлог- буџетот за 2018 е подготвен, прво ќе го гледаат бизнисмените и невладините, па Владата

Буџетскиот дефицит да биде понизок од тој годинава и е проектиран на 2,8 отсто

вторник, 31 октомври 2017

Министерството за финансии го подготви предлог- буџетот за 2018 година, но пред да биде усвоен од Владата, ќе биде даден на увид на бизнисот и јавноста. Министерот Драган Тевдовски информираше дека во понеделник за предлогот ќе се разговара со бизнис заедниците, а во четврток ќе биде организирана јавна дебата со невладиниот сектор.

„Законска обврска на Владата е Предлог-буџетот да го достави до Собранието до 15 ноевмри. Првпат досега ќе се организира јавна дебата на која ќе ги претставиме контурите на предлог буџетот за наредната година“, рече Тевдовски и појасни дека за наредната година е планиран понизок дефицит од годинашниот и ќе изнесува 2,8 отсто.

 

Содржината е прочитана 146 пати.