Бизнис вести

Зголемен бројот на работници во индустријата за 3,3 отсто во септември

Во периодот јануари-септември во споредба со истиот период лани бројот на работници е зголемен за 1,5 отсто

вторник, 31 октомври 2017

Бројот на работници во индустријата во септември бил зголемен за 3,3 отсто во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.

Зголемен е бројот на работници во праработувачката индустрија за 3,8 отсто, а намален во секторот Рударство и вадење камен за 0,5 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,2 отсто.

Според Статистика, гледано по главните индустриски групи, зголемување на бројот на работници во индустријата во септември имало кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9,2 проценти, Капитални производи за 14,9 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 1,2 отсто, додека опаѓање има кај Енергија за 0,7 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,1 процент.

Во периодот јануари-септември во споредба со истиот период минатата година бројот на работници е зголемен за 1,5 отсто.

 

Содржината е прочитана 129 пати.