Бизнис вести

Македонија е на 11. место во светот за водење бизнис

Во најновиот извештај на „Дуинг бизнис“ нашата економија останува на 5. место во Европа, зад Данска, Обединетото Кралство, Норвешка и Шведска

вторник, 31 октомври 2017

Македонија се најде на 11. место во најновиот извештај на Светска банка „Дуинг бизнис“ за држави најпогодни за водење бизнис. Од вкупно 190 рангирани економии, македонската е на одлична позиција со вкупно 81.18 бодови, иако е тоа за едно место подолу од претходниот извештај кога беше рангирана на 10-та позиција со 81.74 поени.

Подготовките и собирањето информации за изработка на Извештајот за водење бизнис за 2018 година започнаа во ноември 2016 година и завршија во мај годинава кога беа предадени последните документи со нови или подобрени реформи од страна на државните институции.

Во новиот извештај Македонија останува на 5. место во Европа, а пред нас се Данска, Обединетото Кралство, Норвешка и Шведска.

Во топ 20-те држави во светот во новиот извештај има 18 високо развиени економии и две средно развиени држави, тоа се Грузија и Македонија.

 

Содржината е прочитана 185 пати.