Бизнис вести

Бизнис натпревар за средношколци и старт ап фирми

Бизнис натпревар за средношколци и старт ап компании (Get in the ring) ќе се одржи денеска во Скопје, во пресрет на 6. „Самит на Македонија 2025“

вторник, 31 октомври 2017

На натпреаврот млади иноватори ќе презентираат бизнис-идеи, а најдобриот средношколски тим ќе биде награден со 1.500 долари.

Дводневниот самит, што ќе биде отворен утре, е најавен како водечка регионална платформа за споделување на последните светски трендови во бизнисот, инвестициите, технолошките иновации и одговорното лидерство.

Најавени се дебати на кои ќе бидат разработени најдобрите практики на економски успешните мали земји, примери за успешно и инспиративно лидерство, технологии на идното време, значењето на медиумите и телекомуникациската индустрија, улогата на социјалните медиуми и платформи, развој на Македонија во регионален центар за паметни технологии, значењето на странските инвестции за земји како нашата, како и примери за „паметни“ технологии и обновливи извори на енергија.

(Преземено од МИА) 

Содржината е прочитана 139 пати.