Бизнис вести

Текстилците бараат ист придонес од 5.130 денари за плата од 12.000 до 18.000 денари

Со линеарното плаќање на придонесите се верува дека ќе се искорени праксата платата да се исплаќа во кеш

понеделник, 30 октомври 2017

Здружението на текстилната индустрија и конфекција при Стопанската комора на Македонија предлага да се плаќа ист придонес од 5.130 денари за плата од 12.000 до 18.000 денари во текстилната и во кожарската индустрија и тоа за период од три години. Со линеарното плаќање на придонесите, текстилците веруваат дека ќе се искорени праксата платата да се исплаќа во кеш.

„Со ваквото решение ќе има можност да се зголемат и платите, а ќе се искорени и праксата платата да се дава во кеш, бидејќи придонесот ќе биде замрзнат на 5.130 денари, колку што се придонесите на минималната бруто плата“, вели Ангел Димитов, претседател на Здружението на текстилна индустрија и конфекција, според кој, повеќе од 50 отсто од работниците во оваа индустрија земаат плата до 18.000 денари.

Здужението предлогот се уште го нема доставено до Владата, а не е направена ни анкета меѓу работниците дали тие би се согласиле да земаат повисока плата на сметка на помала пензија.

Димитров вели дека Здружението ќе побара и измена на системот преку кој се утврдува како се добиваат субвенции за исплата на минималната плата. А, како причина за тоа го наведе малиот број компании кои побарале субвенции.
Тој појасни дека ќе се побара и помош за текстилните фабрики кои работат во селските општини кои исплаќаат плата од 9.560 денари и не се во можност да исплатат ниту минималната плата. Бидејќи, како што рече, не треба да се дозволи тие да се затворат , туку да се помогнат преку регионалниот развој.
 

Содржината е прочитана 179 пати.