Бизнис вести

Патниците на Wizz Air имаат право на голем рачен багаж бесплатно со секој купен билет

Новата полиса за рачен багаж на патниците им овозможува бесплатно да патуваат со голема рачна торба со тежина до 10 килограми

понеделник, 30 октомври 2017

Најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, Wizz Air воведе нови правила за превоз на рачен багаж според кои патниците имаат право на големо парче рачен багаж бесплатно со секој купен билет.
Според новата полиса за рачен багаж, патниците имаат право на една рачна торба со димензии 55х40х23 сантиметри и максимална тежина од 10 килограми, што ќе биде вклучено во цената на билетот.

Освен тоа ќе можат да внесат и производи што ги купиле во фришоповите на аеродромите по пасошката контрола.

За оние кои бараат дополнителен рачен багаж, има услуга WIZZ PRIORITY со која патниците можат да внесат дополнителна торба со димензии 40х30х18 сантиметри што ќе ја сместат под седиштето. Услугата, исто така гарантира и дека нивниот бесплатен рачен багаж ќе биде сместен во областа на кабината, им овозможува на патниците да го прескокнат редот на чекање и да бидат меѓу првите кои ќе се качат во авионот, а е достапна и за патниците кои ќе ја одберат WIZZ Go, WIZZ Plus и WIZZ Privilege Pass.

Маркетинг директорот на компанијата, Јохан Ајдахен потенцира дека ги послушале барањата на патниците.

„Задоволството на патниците е приоритет во Wizz Air и е причина зошто ги слушнавме нивните повратни барања и сега нудиме голем рачен багаж бесплатно со секој купен билет. Ова е уште еден пример за посветеноста на авиокомпанијата во обезбедувањето најдобро искуство за нашите патници, од моментот кога го резервираат својот лет, до слетувањето на одбраната дестинација“, рече Ајдахен.

 

Содржината е прочитана 341 пати.