Бизнис вести

Фирмите со блокирани сметки уште една година ќе можат да плаќаат со компензација

Одложена е примената на Законот за платен промет до крајот на 2018 година

понеделник, 30 октомври 2017

Фирмите кои имаат блокирани трансакциски сметки ќе можат до крајот на 2018 година да плаќаат со компензација, асигнација, цесија или со преземање на долгот, а не, како што е законски предвидено до крајот на оваа, односно, до 1 јануари наредната година.

Министерството за финансии објави дека планира измени на Законот за платен промет, чија цел е одложување на примената на одредбата од членот 25 став 1 од Законот за уште една година. Со тоа правните субјекти кои имаат блокирана сметкаќе можат до крајот на 2018 година меѓусебните побарувања и обврски да ги намируваат преку компензација, асигнација, цесија и преземање на долгот.

Ова е второ одложување на примената на Законот за платен промет.

 

Содржината е прочитана 214 пати.