Бизнис вести

Џеф Безос е најбогат човек на светот

Според „Форбс“, основачот на „Амазон“ со богатство од 93,1 милијарда долари го претрка Бил Гејтс

недела, 29 октомври 2017

Основачот и извршен доректор на интернет продавницата „Амазон“, Џеф Безос е најбогатиот човек на светот, според списанието „Форбс“. Неговото богатство се проценува на 93,1 милијарда долари и е за 3,2 милијарди поголемо од богатствот на Бил Гејтс
.
Безос до скоро беше втора најбогата личност во САД, по основачот на „Мајкрософт“, но тие двајца си ги заменија местата откако во меѓувреме акциите на „Амазон“ забележаа голем скок на берзата.

Според „Форбс“ на трето место на листата се наоѓа американскиот инвеститор Ворен Бафет со 80,6 милијарди долари, на четврто е сопственикот на „Зара“, Амансио Ортега со капитал од 77,9 милијарди долари, додека на петто место се најде Марк Цукерберг, основачот и сопственик на „Фејсбук“ со богатство проценето на 73,8 милијарди долари.
 

Содржината е прочитана 141 пати.