Култура

Седмиот Фестивал на фигури од овошје и зеленчук „Сочни фигури“ ќе се одржи на 29.10.2017

Кај „Школката“ во Градскиот парк, со почеток во 12 часот Здружението за промоција и едукација на храна и заштита на биодиверзитетот Слоуфуд „Св. Н. Охридски“ од Скопје , традиционално го организира Седмиот Фестивал на фигури од овошје и зеленчук „Сочни фигури“

петок, 27 октомври 2017

На Фестивалот учествуваат повеќе основни училишта, од земјава, центри за едукација на деца со посебни образовни потреби, здруженија на граѓани, кои што ќе изработуваат фигури или композиција од фигури од овошје и зеленчук.

Целта на Фестивалот е, преку забава и креативна ангажираност, учесниците меѓусебно да се запознаат со што би се надминале сите видови различитости (етнички, верски, интелектуални...). Прифаќањето на децата со посебни образовни потреби од општата популација е движечката сила на самиот проект „Здрави навики преку здрава храна“, преку кој, пак, учениците се едуцираат за здарвата храна како и за хигиената и културата при исхраната.

Најдобрите 3 училишта ќе добијат пригодни награди. Детската фантазија преточена во сочни фигури е празник за очи и предизвик за фотографите и новинарите за овековечување на настанот. Забавниот дел од манифестацијата ќе го збогатат најавените: Риплеј, Влатко Илиевски, Иве и Кики, хумористот Војче Китановски и др. Водител на фестивалот е Ирена Спировска.

Поводот за организирање на Фестивалот „Сочни фигури“,е одбележување Светскиот ден на храната (16 Октомври)..Прославувањето на Светскиот ден на храната е со цел да се поттикне вниманието за земјоделско производство на храна и стимулирање на национални, билатерални, мултилатерални и невладини напори за остварување на оваа цел, да се поттикне учеството на руралното население, жените и најмалку привилегираните категории граѓани во одлуките и активностите кои влијаат врз нивните услови на живеење, да се зголеми јавната свест за проблемот на гладување во светот, да се промовира трансфер на технологии за развој, да се зајакне меѓународната и национална солидарност во борбата против гладта, неухранетоста и сиромаштијата и да се привлече внимание на достигнувањата кај храната и развојот на земјоделството (информации за овој меѓународен празник може да најдете на http://www.fao.org/world-food-day/home/en/).

Со организирање на фестивалот, покрај целите на Светскиот ден на храната, се стремиме кон остварување и на следниве цели: едукација на децата за употреба на здрава храна, социјализација на децата со посебни потреби и нивно прифаќање од здравата популација и подигање на свеста за хигиенските навики при подготвување на храната.

Конвивиумот Слоуфуд „Св. Наум Охридски“ - Скопје е невладина, непрофитна организација, дел од организацијата и двигател на идејата за фестивалот и е членка на мрежата на Slow food во Р. Македонија. Повеќето членови во конвивиумот се деца со посебни образовни потреби и нивните родители, како и професори од разни струки и училишта. Slow food е глобална организација со приврзаници во 150 земји низ целиот свет, со над 100.000 членови, 1.300 конвивиуми и 2.000 заедници за производство на храна.

Повеќе информации за глобалната организација Slow food може да најдете на http://www.slowfood.com/.
 

Содржината е прочитана 291 пати.