Култура

Поставување на камен темелник на новиот православен христијански храм „Свети Наум Охридски“ во Малме, Шведска

Активностите на нашата дијаспора во Шведска деновиве се одвиваше во негување на христијанската традиција со поставување на камен темелник на новиот православен христијански храм „Свети Наум Охридски“ во Малме

четврток, 26 октомври 2017

Македонската дијаспора во Шведска на 22 октомври беше собрана околу поставување на камен темелникот на новиот христијански храм „Свети Наум Охридски“ кадешто присуствуваа и гости од јужниот дел на Шведска и од Копенхаген, Данска како и од многу македонски друштва и асоцијации- пријатели на нашата црква.

Свечената богослужба и поздрав до псетителите и верниците, беше одржана од митрополитот Европски-Господин Пимен. Претседателот на управниот одбор на МПЦ- Кирил Котевски во својот поздрав посебно се осврна на негувањето и чувањето на нашата вера и аманетот кон следните генерации. Свечената атмосфера беше надополнета со настапот на фолклорната секција од друштвото на иселениците од Малме.


 

Содржината е прочитана 275 пати.