Бизнис вести

Бизнисмените од северозападна Македонија прогнозираат економски раст од најмногу 0,7 проценти

Во Стопанската комора на северозападна Македонија сметаат дека државата треба да даде поддршка за воведување нови технологии и ноу-хау што ќе ги направи компаниите финансиски помоќни и конкурентни

среда, 25 октомври 2017

Проекциите на Светска бана за раст на македонската економија од 1,5 проценти се нереални, сметаат во Стопанската комора на северозападна Македонија. Според бизнисмените од оваа Комора, реално е да се очекув годинава да ја завршиме со раст од најногу 0,7 отсто.

„Ќе бидеме презадоволни ако Македонија ја заокружи годината со економски раст од 0,5 до 0,7 отсто. Сметаме дека проекциите од 1,5 на Светска банка или 2,5 проценти на Владата никако не може да се постигнат. Во првиот квартал растот беше нула, во вториот - 1,8. За да постигнете раст од 2,5 треба во двете тримесечја да биде пет отсто, што нема логика“, вели извршниот директор на СКСЗМ Дрилон Исени.

Според него, државата наместо да им дава субвенции за минимална плата на компаниите, треба да даде поддршка за воведување нови технологии и ноу-хау што ќе ги направи фирмите финансиски помоќни и конкурентни, а еднаквиот третман на странските и домашните инвеститори да не биде само во однос на даночните олеснувања и субвенциите, туку и во делот на инфраструктурата.

 

Содржината е прочитана 206 пати.