Бизнис вести

Во август исплатена нето-плата од 22.912 денари

Според Државниот завод за статистика зголемувањето се должи, пред се, на покачувањето во секторот рударство и вадење камен, каде платата е зголемена за 32,7 отсто

вторник, 24 октомври 2017

Во август била исплатена просечна месечна нето-плата на вработен во износ од 22.912 денари, што е зголемување од 2,8 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Бруто-платата на вработен, пак, изнесувала 33.675 денари и е зголемена 2,7 проценти во однос на ланскиот август.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека зголемувањето се должи, пред се, на покачувањето на нето-платата во секторите рударство и вадење камен, каде зголемувањето изнесува 32,7 проценти, потоа во секоторот уметност, забава и рекреација – 10,9 проценти и во стручни, научни и технички дејности каде има зголемување од 9,4 отсто.

Во однос на претходниот месец (јули), зголемување на нето-платата има во секторите рударство и вадење камен – 31,2 процент, во уметност, забава и рекреација – 10,8 проценти и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,5 отсто.

Според ДЗС, во август оваа година 1,1 процент од вработените не зеле плата.

 

Содржината е прочитана 142 пати.