Интервјуа

Интервју со Тарја Крехиќ, Управител на адвокатската канцеларија „Крехиќ и Станичиќ“ од Загреб, Хрватска

Од регулаторна гледна точка, Хрватска и другите земји од регионот имаат исклучително софистицирани регулаторни рамки кои пропишуваат еднаква застапеност на жените во политиката и бизнисот. Сепак, хрватските постојни закони и регулативи не се спроведуваат соодветно и државните институции адекватно не ги санкционираат регулаторните прекршувања на одредбите со кои се регулираат (женските) прагови во бизнисот и политиката

вторник, 24 октомври 2017

МАРИЛИ: Госпоѓа Крехиќ, годинава ќе бидете учесник на самитот Македонија2025 и говорник на еден од панелите на темата „Важноста и улогата на жените лидерки во придонесот за одржлива и инклузивна иднина“, па кажете ни какви се вашите искуства во борбата за правата на жените на менаџерски позиции во компаниите во Хрватска?
КРЕХИЌ:
Како менаџер на сопствен инвестициски бизнис - хрватската адвокатска фирма „Крехиќ и Станичиќ“ и со повеќе од 15 години професионална кариера и искуство во локалниот и меѓународниот бизнис, сфатив дека жените во мојата професија односно правната професија во Хрватска, не се обединети кога се покренуваат прашањата кои се важни за истата. Затоа лично го започнав проектот за основање на првото Хрватско здружение на жени во правната професија („Здружението“),основано во 2014 година со примарна цел да го промовира, подобри и афирмира статусот на жените во правната професија - како професионални работници во адвокатурата, судството, корпоративниот свет, науката и правниот систем. Наша цел е за првпат во хрватската историја да се постигне унитарна појава на жените во правната професија во однос на прашањата кои се од суштинско значење за правната професија, но истотака и на прашања значајни за жените воопшто.Здружението активно работи на промовирање на следните проекти / цели: легислација на усвојување обврзувачка родова квота;донесувањеполитичка одлука од Владата со која ќе има 40% застапеност на двата пола во одборите на државните претпријатија;зголемување на транспарентноста во однос на женската застапеност во корпоративните структури; позитивно развивање на одредбите за еднакви плати во согласност со трансформативната еднаквост и дополнување на стратегијата Европа 2020 со трансформативните мерки за родова рамноправност. Активностите на Здружението главно се фокусираа на следните 3 големи проекти („Проектите“): Закон за бизнис квота, изменувања на Хрватскиот закон за родова еднаквост и хармонизација на статусот на Хрватските судии со статусот на суддите на ЕУ.

МАРИЛИ: Ве молиме претставете и се на нашата читателска публика со вашата професија и со сите активности на домашен и на меѓународен план за јакнење на правата на жените пред сè во Хрватска, но и пошироко.
КРЕХИЌ: Јас сум хрватски лиценциран адвокат и основачки партнер на хрватската адвокатска канцеларија „Крешиќ и Станичиќ“ во 2010 година, која стана една од најистакнатите и најбрзо растечки хрватски правни фирми. Како инкорпориран партнер, имам повеќе од 15 години успешна правна практика, обезбедувајќи сеопфатен правен совет на бројни меѓународни и домашни клиенти. Меѓудругото, сум експерт за корпоративно право, спојување и преземање, банкарство и финансии, конкуренција и регулаторна политика. Во однос на индустриите, јас и моите партнери во адвокатската фирма сме регионални експерти за правото на ИКТ, информатичките, телекомуникациските и медиумските индустрии поради долготрајната работа на партнерите во водечки телекомуникациски компании кои се дел од ДТ Групацијата. Пред да воспоставам своја сопствена пракса, јас го водев и раководев со адвокатскиот тим в оканцеларијата на ВолфТајс („Wolf Theiss“) воЗагреб, една од најголемите правни фирми од Централно-источните европски земји. Заедно со мојот тим, јас водев и управував со регионални трансакции за спојување и преземање низ цела Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија и Црна Гора. Ја започнав кариерата по право во ХрватскиотТелеком АД, кадешто се стекнав со драгоцено искуство во телекомуникациската и регулаторната правна рамка, како и во корпоративната правна рамка, за спојување и преземање и за право на конкуренција. Магистрирав на Правниот факултет („Duke Law School“) во Северна Каролина, како алумни на американскиот Стејт департмент Рон Браун и меѓу другото се стекнав со титулата доктор на науки при Универзитетот во Загреб, Хрватска. Истотака сум член на Хрватската адвокатска комора, Меѓународната адвокатска комора („IBA“) и автор кој придонесува за водечките хрватски и меѓународни бизнис-списанија на правни теми. Хрватската адвокатска канцеларија на Тарја „Крехиќ и Станичиќ“ е адвокатска фирма која ја основав пред 7 години од страна на хрватски лиценцирани адвокати кои заеднички ја менаџираа канцеларијата на Волф Тајс во Загреб веќе осум години. Професионалното искуство и образование, како и големиот напор на адвокатската канцеларија „Крехиќ и Станичиќ“ за континуиран професионален развој, ја прави нашата фирма една од најискусните и најефикасните фирми во Хрватска, со експертиза во широк спектар на правни области. Нашето позиционирање на хрватскиотправен пазар е признато од најдобро рангираните меѓународни адвокатски агенции – „Chambers & Partners“ и „Legal 500“. Што се однесува до здружението, во јуни 2014 година се запознав со претставниците на Адвокатската комора на Њујорк („WBASNY“)и се запознав со нивното корпоративно управување и нивните активности. За време на моето патување во САД и по нашите состаноци во Њујорк, Адвокатската комора на Њујорк ме покани и учествував на нивната годишната конференција, која се одржа во Атлантик Сити, во јуни 2014 година, каде што се сретнав со претседателите на нивните комори и научив за оперативната работа наАдвокатската комора на Њујорк. Од септември 2014 до март 2015 година, собрав преку 50 хрватски правни експерти и почнав да работам на вклучувањето на Хрватското здружение на жени во правната професија ("Здружението"). Во тој период одржавме 3 работилници и состаноци на кои работевме на изготвување на документи за основање на Здружението (главно на Статутот), каде одлучивме за корпоративното управување на Здружението (во согласност со корпоративното управување на Адвокатската комора на Њујорк. Ги одбравме претседателите на комисиите на Здружението, ги одржавме состаноците и ја претставивме идејата за вклучување на Здружението во сите релевантни хрватски институции во рамките на правната професија. Имено Адвокатската комора на Хрватска, Правниот факултет во Загреб, Риека и Сплит, Канцеларијата на Претседателот на Хрватска, Хрватското здружение на работодавачите, Хрватската стопанска комора, Агенцијата на Владата за родова рамноправност, Хрватското здружение на судии и многу други. 

Во овој период ги собравме жените од правната професија. На почетокот на април 2015 година, ги доставивме документите до Државната канцеларија за формално вклучување на Здружението како правно лице преку формата за здружение. На 18-ти април 2015 година се одржа конференција за основање на првата Хрватска асоцијација на жени во правната професија, која се состана и беше домаќин на над 200 претставници на жени од сите области на правната професија, како и претставници на сите релевантни хрватски правни и граѓански институции. Здружението доби силна поддршка од Адвокатската комора на Хрватска, Амбасадата на САД во Загреб, Правниот факултет во Загреб, Ријека и Сплит, Хрватското здружение на работодавачи, Хрватската стопанска комора, Агенцијата за родова рамноправност на Владата на Хрватска, Хрватското здружение на Судии и многу позначајни хрватски институции. Се одржа интересна панел дискусија за тоа дали Хрватска бара правни квоти за жените во надзорниот одбор на компанијата, бидејќи истиот закон беше воведен во Германија оваа година, на кој ги имавме претставниците на деловното општество (од Дојче Телеком Групацијата), Хрватското здружение на работодавачи на Државната агенција за родова рамноправност, Правниот факултет во Загреб и адвокатите. Ние интерно организиравме и предводевме оперативна работа на Здружението преку 5 главни комитети: Комитетот за законодавство, Комитетот за образование, Комитетот за меѓународна соработка, Комитетот за хуманитарни проекти и односи со јавност и Комитетот за финансии и администрација. Претседателите на овие пет комитети го сочинуваат Управниот одбор на Здружението - првичното оперативно и управувачко тело на нашето здружение. Имаме мандат од 2 години, а јас сум избрана за прв претседател на Здружението. Досега, веќе имаме воспоставено блиска соработка со Адвокатската комора на Њујорк - која нè поддржува преку континуирано професионално насочување, ни овозможува совети и планови од страна на колегите со цел да и помогне на Асоцијацијата да отвори мрежа во САД за нашите планирани и предвидени меѓународни активности кои се фокусираат на САД. Асоцијацијата е во процес на воспоставување блиска соработка со сите слични европски здруженија и здруженија кои се дел од ЕУ - со цел да се споделат заеднички искуства, „know-how“ и проектни идеи. Преку поддршката на Адвокатската комора на Њујорк, Здружението е во процес на поврзување со „ECOSOC“ (Економски и социјален совет) и здружувањето со Одделот за јавно информирање на Обединетите нации („UNDPI“). По конференцијата за основање, нашето Здружение започна со планирање и работење на голем број проекти, еден од првите што отвори јавна расправа за тоа дали на Хрватска и се потребни законски квоти за жените во надзорниот одбор на компанијата, како што беше воведено во Германија оваа година (и во други ЕУ земји во последните 15 години). По добивањето на одговор од јавноста по ова прашање, а по собирањето на нашите сопствени статистички податоци за претставување на жените на надзорните и менаџерските позиции во приватните компании, Асоцијацијата планира да го приложи предлог-законот до хрватскиот парламент кој ќе пропише женски правни квоти на раководните позиции на компанијата . Понатаму, Здружението веќе започна со работа и организирање на внатрешни едукативни работилници за нашите членови кои се правни експерти, за правото на ЕУ и теми за финансирање на ЕУ.

МАРИЛИ: Каде според Вас се наоѓаат земјите од Балканот во однос на развиените земји од Европа и Америка, кога станува збор за правата на жените да управуваат во компаниите но и воопшто?
КРЕХИЌ: Од регулаторна гледна точка, Хрватска и другите земји од регионот имаат исклучително софистицирани регулаторни рамки кои пропишуваат еднаква застапеност на жените во политиката и бизнисот. Сепак, хрватските постојни закони и регулативи не се спроведуваат соодветно и државните институции адекватно не ги санкционираат регулаторните прекршувања на одредбите со кои се регулираат (женските) прагови во бизнисот и политиката. Затоа преку Здружението, го инициравме следниов проект. За време на годишната конференција на Здружението во октомври 2016 година, на која присуствуваа претставници на Адвокатската комора на Њујорк, ни советуваа Здружението да ги известува Комисиите на ОН за родова рамноправност (каде претставниците на Адвокатската комора на Њујорк се дел со години наназад)за несоодветното спроведување на Законот за родова еднаквост во Хрватска, со поднесување на т.н. „извештај во сенка“ за неуспехот на Хрватска целосно да ја спроведе Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жените („CEDAW Convention“). Идејата е известувањето на Здружението во овој поглед на крајот да резултира со учество на ООН на високо ниво во ова прашање - во смисла првин да бара од хрватската Влада формално да поднесе извештај до ОН за причините за несоодветна примена на Законот за родова еднаквост , и потоа да предложи конкретни мерки за тоа како да се постигне целосна примена на соодветниот Закон. Дополнително здружението веќе 3 години се занимава со имплементација на Директивата на ЕУ за подобрување на рамнотежата меѓу половите меѓу неизвршните директори на компании што котираат на берзите и мерките поврзани со хрватското национално законодавство. Накратко - Директивата пропишува 40% од квотата за недоволна застапеност на родот на надзорните одбори на компаниите кои котирале.
 

МАРИЛИ: Каква порака од панел дискусијата од самитот на Македонија2025 сакате да им испратите на жените-менаџери во Р. Македонија?
КРЕХИЌ:
Треба силно да работиме за заедно да ги постигнеме нашите цели. Особено, треба да го подобриме разбирањето на законодавството на Хрватска, ЕУ и САД во врска со родовата еднаквост и еднаквите можности, со посебен осврт на жените и нејзините ефекти; да се воспостават контакти на ниво на ЕУ / ООН неопходни за успешно спроведување на проектите на кои работиме; да добиваме знаења од меѓународните асоцијации на САД и ЕУ и да споделуваме искуства со спроведувањето на проектите за владеење на правото - бидејќи здруженијата на ЕУ и САД (Адвокатската комора на Њујорк) имаат 30-годишно искуство во таа сфера; да се поврземе со хрватските жени на локално и регионално ниво, со бизнис-асоцијации на жени во ЕУ и САД и да поттикнеме одржување на состаноци и соработка и разбирање на нашите заеднички цели.

МАРИЛИ: Дали сте запознаени со активностите на жените-менаџери, жените во бизнисот и други во Р. Македонија? Дали би сакале да соработувате со овие организации во иднина и да се вклучите во заеднички проекти, хрватско-македонски но и меѓународни?
КРЕХИЌ:
Не, не сум запознаена со активностите на женските менаџери во Македонија, но планираме да го споделиме знаењето на нашето Здружение со нашите македонски колеги во бизнисот и во правната професија.
 

 

Содржината е прочитана 231 пати.