Бизнис вести

Бугарската компанија „Енекод“ е нов сопственик на „Фени индустри“

Комбинатот за фероникел од Кавадарци има околу 1.000 работници, сите ќе останат на работа без никакви промени

вторник, 24 октомври 2017

Бугарската компанија „Енекод“ е новиот сопственик на „Фени индустри“. Кавадаречкиот комбинат за фероникел нема да оди во стечај, а сите 1.000 вработени ќа останат на работа. Новиот газда најавил и нови вложувања.

„Проблемот е решен на задоволство на сите страни вклучени во преговорите. Од денеска кавадаречкиот комбинат има нов сопственик, тоа е бугарската ‘Енекод’, која има 35 фирми со различни бизниси во Бугарија. ‘Енекод’ ги презема сите обврски кон доверителите. Сите работници остануваат на работа без никакви промени во нивниот работен статус. Од новиот сопственик добија ветување и за нови вложувања, со цел успешна работа во иднна“, рече Пеце Ристевски, претседател на Синдикатот за индустрија, рударство и енергетика.

Тој потенцираше дека претставикот на новиот газда соопштил дека нема да има никакви проблеми и оти комбинатот многу брзо ќе продолжи со нормална работа. Рекол дека имало и струја и руда, а неопходно било само да се обезбеди јаглен и тоа имало од каде од Балканот да се донесе.
 

Содржината е прочитана 137 пати.