Бизнис вести

Европскиот совет на инженерски комори го одржа своето 14-то Генерално собрание во Скопје

Комората на овластени архитекти и инженери на Македонија е мала, но силна, бидејќи го обединува инженерскиот кадар

вторник, 24 октомври 2017

Во организација на Комората на овластени архитекти и инженери на Македонија, во Скопје се одржа 14. Генерално собрание на Европскиот совет на инженерски комори (ECEC).

Претседателот на македонската Комора, проф.д-р Миле Димитровски смета дека иако Комората не е голема, сепак, има огромна предност во тоа што сите инженери и архитекти се обединети и се залагаат за подобра положба на инженерскиот кадар во Македонија.

„Заедно сме многу силни и заеднички може да сториме многу за нашите инженери и за инженерството во Европа. Со своето работење ќе ја оправдаме довербата што ни ја даваат европските колеги и ќе станеме уште посилни и поактивни во европскиот совет“, рече Димитровски.

За претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, присуството на инженерите во Скопје значи доверба во Комората на Македонија и во македонската инженерска и академска заедница.

 

Содржината е прочитана 152 пати.