Саем

Македонија на деловниот саем WESTM во Белград

Станува збор за специјализиран саем за конгресен, зимски и спа туризам

среда, 18 октомври 2017

Со хотелите „Климетица“ и „Маива“ од Охрид и со туристичките капацитети на Елем Турс на Шар Планина, Маврово, Пелистер, на Охридското и на Дојранското Езеро, Македонија се претстави на деловниот саем WESTM – Туристичка призма во Белград.

На специјализираниот саем за конгресен, зимски и спа туризам, македонските туристички капацитети се најдоа меѓу 100 хотели, ресторани, туристички организации, бањи, конгресни центри и организатори на зимски и спа туризам.

Саемот има за цел воспоставување подобра соработка меѓу туристичките стопанства на земјите од Југоисточна Европа, како и команиите од Европа заинтересирани за регионот.

Годинава, меѓународната награда Туристичка призма за нов квалитет во туризмот ја добија хотелите „Шератон“ од Дубровник, „Холидеј Ин“ од Сараево, „Олимп“ на Златибор, „Луковска бања“ од Србија и термите „Виват“ во Моравске Топлице од Словенија.

Од Македонија, досегашни добитници на оваа традиционална награда, што ја доделува меѓународно новинарско жири од државите од регионот се хотелите „Гарденија“ од Велес, „Русија“ и „Сенигалија“ од Скопје, „Изгрев“ од Струга, етно ресторанот „Стара градска куќа“ од Скопје и други.

 

Содржината е прочитана 51 пати.