Бизнис вести

Парк Хотел и Спа отвори станица за полнење електрични возила

Со оваа инвестиција Парк Хотел и Спа се приклучува на платформата „Едисон“, која има за цел да ги електрифицира сите главни автопатишта во регионот

среда, 18 октомври 2017

Во Парк Хотел и Спа официјално беше пуштена во употреба станица за полнење електрични возила, со што овој хотел стана единствен од таков вид во Македонија. Полначот прва го употреби еврокомесарката за транспорт, Виолета Булц, која пристигна со своето електрично возило.

Со оваа инвестиција Парк Хотел и Спа се приклучува на платформата „Едисон“ (eco driving innovating solutions and network) која има за цел да ги електрифицира сите главни автопатишта во регионот со што ќе го претвори во лабораторија на зелена мобилност.

„Проектот ‘Едисон’ кој здружува 50 компании, универзитети и институти во Словенија, сега се проширува низ цела ЈИЕ преку концептот ‘Едисон е-сити’ со лансирање инфраструктура на полначи за електрични зелени возила, зелени такси, каршеринг, а сакаме да ја поттикнеме и индустријата и производството да го искористи ‘Едисон’ за нови иновативни решенија и зелен коридор од Љубљана до Скопје, Приштина и Тирана во должина од 1.400 километри“, рече Изток Селјак, координатор на проектот „Едисон“.

Полначот за електрични возила е само уште еден од еко-проектите на Парк Хотел и Спа кои влијаат позитивно на животната средина.

„Постојано воведуваме технолошки новини во работењето и спроведуваме низа активности за превенција од дополнително загадување на животната средина и нејзино подобрување. Oпштествена одговорност за нас претставува дејствување пошироко од рамките на националните закони и општесвени легислативи. Во оваа насока внимаваме како нашето дејствување влијае на нашите вработени, посетители, општествената заедница и животната средина“, изјави генералниот менаџер на Парк Хотел и Спа, Панајотис Колокатис.

 

Содржината е прочитана 199 пати.