Бизнис вести

Русија воведува дигитална валута – КриптоРубља

Сите финансиски операции со валутата ќе бидат оданочени со 13 отсто

среда, 18 октомври 2017

И Русија наскоро ќе воведе дигитална валута. Како што објавуваат тамошните медиуми, рускиот претседател Владимир Путин дал одобрение за издавање криптовалута што ќе се вика КриптоРубља и ќе биде под контрола на Владата.

„Покренуваме криптовалута од едноставна причина, ако ние не го направиме тоа, ќе го сторат нашите соседи од Евроазиската економска заедница за два месеци“, рекол министерот за комуникации на Русија, Николај Никифоров.
Премиерот на Русија, Димитриј Медведев, пак, потенцирал дека Русија има доволно потенцијал за да гарантира дигитален суверенитет, но оти тоа не значи дека земјата планира да се самоизолира.

Министерот Никифоров, пак, појаснил дека сите финансиски операции со валутата ќе бидат одданочени. Данокот ќе се применува на секоја добивка што ќе ја оствари сопственикот на криптовалутата преку разликата меѓу куповната и продажната цена.

„Кога купувате или продавате КриптоРубља ќе ви биде наплатен данок од 13 отсто. Ако сопственикот, од некоја причина не може да го објасни потеклото на криптовалутата, а сака да ја претвори во рубљи, ќе му бидат одземени 13 отсто од вкупната сум“, рекол Никофоров.

Се планира националната дигитална валута да биде префрлена на меѓународниот пазар, бидејќи е бесполезно да циркулира само во земјата.

 

Содржината е прочитана 217 пати.