Мода

Колекцијата „Француска елеганција“ на Душица Петит на модна ревија на Моден викенд

Дизајнерката на 24 октомври ќе се појави на модна ревија на Моден викенд, а на 25 и 26 октомври организира поп-ап продавница

среда, 18 октомври 2017

Македонската модна дизајнерка што живее и работи во Париз, Душица Петит, во рамките на Моден викенд-Скопје ќе одржи модна ревија на 24 октомври, вторник, во 21 часот, во Хотел Мериот. Креаторката дипломирала на одделот за висока модна на Esmod, во Париз и токму во Париз го развива својот бренд Shaleva Couture, а на македонската публика ќе ѝ ја претстави новата колекција „Француска елеганција“.

-Колекцијата „Француска елеганција“ е составена од десет женски свечени тоалети и една машка силуета. Направена е во црна боја и со златни детали, и е наменета за елегантни девојки. За оваа колекција се инспирирав од барок стил и елементи, но и од француските модни куќи како „Балман“, „Диор“ и „Сен Лоран“. Француска елеганција според мене е мода која што прикажува свечени тоалети и која што е препознатлива по „la petite robe noire“ (мал црн фустан).

Македонките ги гледам облечени во француска елеганција, затоа што голем дел од нив обожаваат свечени тоалети и креации кои што би можеле да ги носат на коктел забави, на гала настани или на вечера во ресторан – вели Душица Петит.

Веднаш по ревијата во Хотел Мериот ќе се одржи мини коктел поддржан од Royal Winery Queen Maria – Demir Kapija, на кој гостите ќе можат одблиску да ги видат креациите и да се дружат со дизајнерката. Колекцијата и работата на креаторката македонската публика има можност да ја види и на 25 и 26 октомври на Шоурум/поп-ап продавницата што ќе се одржи на ул. Никола Вапцаров бр.8/1-2 во Скопје. Изложени ќе бидат новата колекција „Француска колекција“, капсулна колекција на уникатни брошеви и дел од креациите од нејзините минати колекции.

За дизајнерката:

Душица Петит во 2016 година дипломирала на Есмод во Париз, Франција. Брзо добива статус на еден од најнадежните млади креатори. Со првата колекција Winter Flowering е прогласена за „Извонреден победник“ на International Young Designer Competition во Пекинг, Кина, а со истата колекција учествува и на модна ревија во Будимпешта, Унгарија во организација на магазинот Marie Claire. Има исксутво со работа во Maison Le Mariè, на подготовка на колекција на висока мода на „Шанел“. Во Париз го развива својот бренд Shaleva Couture, а нејзини креации се појавиле во познатите модни списанија Elle, L’Officiel, Marie Claire, Elegant. Во март годинава беше избрана за финалист на меѓународен натпревар на Fashion Scout London со мини колекцијата „Алиса во земјата на чудата“, со која се претстави на Белградската модна недела, на Моден викенд-Скопје и на модно шоу на Elle.


Информација за фотографија „Француска елеганција“:

Креација од колекцијата „Француска елеганција“/ Дизајн: Душица Петит (Shaleva Couture)/ Фото: Sébastien Tabarin / Модел: Alix Grudler/ Шминка и фризура: Isabelle Reda

 

Повеќе информации за поп-ап продавницата 

https://www.facebook.com/events/1528541073851275/?acontext=%7B%22action_history%22%3A[%7B%22mechanism%22%3A%22bookmarks%22%2C%22surface%22%3A%22bookmarks_menu%22%2C%22extra_data%22%3A%22[]%22%7D%2C%7B%22surface%22%3A%22dashboard%22%2C%22mechanism%22%3A%22calendar_tab_event%22%2C%22extra_data%22%3A%22[]%22%7D]%2C%22ref%22%3A46%2C%22source%22%3A2%7D
 

Содржината е прочитана 403 пати.