Бизнис вести

Деловните субјекти ја подобриле економската, но ја расипале финансиската состојба во последните три месеци

вторник, 17 октомври 2017

Eкономската состојба на деловните субјекти во третото тримесечје од 2017 година е поповолна во однос на претходниот квартал, а поповолна е и во споредба со истиот период минатата година. Според оценката на раководителите на деловните субјекти, се очекува дека состојбата ќе биде поповолна и во наредните два квартала, бидејќи количеството на залихите е намалено во однос на претходното тримесечје.

Индикаторот на доверба во трговијата на мало е зголемен за 0,4 процентни поени во третото тримесечје од 2017 година во однос на претходното тримесечје, а за 0,9 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2016 година.

За разлика од економската, кај финансиската состојба се забележани негативни тенденции. Така, во третиот квартал од оваа година финансиската состојба е понеповолна во однос на второто тримесечје, а се очекува намалување и на очекуваните порачки за наредниот период, како и на бројот на вработени.

Во третото тримесечје од 2017 година се зголемиле продажните цени во однос на претходните три месеци од 2017 година, а се очекува нивно зголемување и во наредниот квартал.

 

Содржината е прочитана 161 пати.