Бизнис клуб

Клуб картичка за МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ

Членовите на МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ го одобрија дизајнот на новата клуб картичка која ќе биде уште еден симбол на клубот и идентификација на неговите членови коишто преку картичката ќе можат да користат бројни бенефиции во меѓусебната соработка, но и во се она што агенција „Марили“ ќе го договори со други компании од услужните дејности

вторник, 17 октомври 2017

На втората официјална средба на МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ, која се одржа на почетокот на месец октомври 2017 година, една од точките во програмата беше претставување на дизајнот на новата клуб картичка која наскоро ќе биде изработена и доделена на сите членки на клубот.

Клубот е формиран на 07.12.2016 година на иницијатива на госпоѓа Лидија Трипуноска, генерален менаџер на агенција „Марили“, која повеќе од две децении работи на промоција на успешните жени менаџери преку манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери од Р.Македонија и од дијаспората“.

Клубот ги поврзува жените менаџери коишто биле дел од овие манифестации заради взаемна соработка, размена на искуства, практики, едукации, поддршка на иновациите, информирање но и работа на проекти за подобрување на статусот на жената во бизнисот, но и жената лидер во општеството.

Со тоа клубот се приклучува кон сите општествени заложби за јакнење на положбата на жената на одлучувачки позиции што како процес се покажува дека напредува, а тоа го потврдуваат и последните локални избори на коишто две жени од предложените кандидати станаа градоначалнички , а уште четири ја продолжуваат трката во вториот круг.
 

Содржината е прочитана 316 пати.