Бизнис вести

Цените на индустриските производи во август повисоки за 2,7 отсто

петок, 13 октомври 2017

Според податоците на Државниот завод за статистика продажните цени на производителите на индустриски производи, во август 2017 година се повисоки за 0,5 проценти на месечно, а за 2,7 проценти на годишно ниво.

Во август 2017 година, во споредба со јули, продажните цени н производителите на индустриски производи се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 2,9 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 0,3 отсти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,2 отсто.

Во август годинава, во однос на август 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 21,7 проценти, во секторот Преработувачка индустрија за 1,4 отсто , а се пониски во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,3 проценти.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 181 пати.