Бизнис вести

Оне.ВИП пред Македонски телеком на телекомуникацискиот пазар во Македонија

четврток, 12 октомври 2017

Мобилниот оператор оне.ВИП го презема приматот од Македонски Телеком на телекомуникацискиот пазар во Македонија. Според најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации, заклучно со март 2017 година, на пазарот на мобилна телефонија по бројот на активни претплатници оне.ВИП учествува со 49,62 отсто, додека Македонски Телеком со 48,81 процент.

Третиот мобилен оператор Лајкамобил, засега има удел од 1,57 отсто. За период од четири квартали, Македонски Телеком забележал пад од 0,17 процентуални поени, оне.ВИП пад од 1,30 а Лајкамобил раст од 1,20 процентуални поени за период од три квартали, колку што, практично и ги нуди своите услуги.

Оне.ВИП е далеку пред Македонски Телеком и според приходите од мобилни комуникациски услуги на големопродажниот пазар. Имено, во првиот квартал од годинава овој оператор има пазарен удел во висина од 63,52 отсто, а Македонски Телеком само 36,40 отсто. Лајкамобил, пак, има пазарен удел од 0,08 проценти.
 

Содржината е прочитана 35 пати.