Инфо

До 28 февруари продолжен рокот за завршување на автопатот Демир Капија - Смоквица

Пролонгирање на изградбата е побарано за да се изгради контролниот центар и да се дислоцира далекуводот што е на самата траса

вторник, 10 октомври 2017

До 28 февруари следната година да се продолжи рокот за завршување на автопатот Демир Капија – Смоквица, бара Министерството за транспорт и врски. Пролонгирање на рокот за доизградба на последната делница од Коридорот 10 на територијата на Македонија се бара за да се овозможи изградба на контролниот центар и да се дислоцира 400 киловолтниот далекувод на МЕПСО, што беа посочени како пречки за завршување на автопатот.

Од ресорното Министерство потенцираат дека продолжувањето на договорот нема да предизвика дополнителни финансиски импликации.

Делницата Демир Капија – Смоквица е со должина од 28 километри. Изградбата стартуваше во септември 20123 година. Проектот вреден 218 милиони евра се финансира со заем од Европската инвестициона банка, од Европската банка за обнова и развој, како и со шест милиони евр аод државниот буџет.

 

Содржината е прочитана 39 пати.