Саем

„Вива“ се претстави на Саемот за храна и пијалоци во Келн

Годинава компанијата понуди и производи со житарици и со свежи овошја од јаболко и праска

вторник, 10 октомври 2017

Најпознатиот бренд на природни сокови „Вива“ успешно се претстави на саемот за храна и пијалоци „Ануга“ во Келн, Германија, каде пред голем број претставници на супермаркети, светски дистрибутери , менаџери го презентираше сопствениот богат асортиман.

Компанијата „Вива“, која е позната по производство на 100 отсто природни сокови, годинава го збогати својот асортиман со производи со житарици, висококвалитетни природни овошни каши добиени со преработка на свежо македонско овошје, јаболко и праска, кои се употребуваат за производство на природни овошни сокови, смути и детски овошни каши.

„Горди сме што освен нашиот примат сите овие години - производство на 100 отсто природни овошни сокови, произведуваме и природни овошни каши и како резултат на тоа сме едни од најголемите откупувачи на овошје во земјава. Учеството на саемот пред две години, во изминатиот период ни донесе како компанија извоз во над 20 земји, како што се Кина, САД, Канада, Шведска, Обединети Арапски Емирати. Тука е местото каде се прават првичните контакти за понатамошна соработка. Но, овој саем е и посебно значаен затоа што го утврдува фокусот на прехранбената индустрија во иднина и дава извонредна можност за размена на иновации и информации“, рече Тања Атанасова, маркетинг директор на „Вива“.

На „Ануга“ беа присутни 7.400 компании од 100 земји во светот. На саемот учествуваат сите најзначајни фактори во прехранбената индустрија, производители, трговци, претставници на големи продажни синџири, водечки импортери, добавувачи , менаџери и сопственици.
 

Содржината е прочитана 20 пати.