Бизнис вести

Бизнис лидерите од регионот на Самит 100 во Скопје

Главен акцент на самитот ќе биде ставен на електрификација на патната инфратсруктура

понеделник, 09 октомври 2017

Главен акцент на самитот ќе биде ставен на електрификација на патната инфратсруктура во
Поврзување и искористување на заедничкиот потенцијал на земјите од регионот е единствениот начин да се постигне сериозна меѓународа конкурентност.

Токму затоа и поврзувањето ќе биде клучниот збор на шестиот годишен Самит 100 за бизнис лидери од Југоисточна Европа , што на 16 и 17 октомври ќе се одржи во Скопје. На настанот ќе учествуваат 100 реномирани бизнис лидери, пет премиери на држави во регионот, Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово и Хрватска, но и претставници на Европската комисија и на меѓународни финансиски институции.

„Самит 200 е создаден како регионална иницијатива и токму затоа членовите во нашиот УО се претставници на стопанството од целиот регион на Југоисточна Европа. Како претседател на УО, но и како директор на компанија која работи регионално и меѓународно, свесен сум за силата и значењето на заедничкиот настап и поврзаноста на нашите земји. Гледано во светски рамки нашите пазари се мали, но, обединувајќи ги интересите и капацитетите во заеднички настап, можеме да бидеме сериозно конкурентни и истовремено да го свртиме вниманието на глобалниот бизнис кон инвестицискиот потенцијал на земјите од Западен Балкан, Хрватска и Словенија“, рече Живко Мукаетов, претседател на УО на Самит 100 и генерален директор на „Алкалоид“.

Електрификација на патната инфраструктура во регионот во должина од 2.400 километри што ги поврзува сите поголеми градови за да се стимулира употребата на електрични автомобили, е проектот чија реализација ќе биде најавена на Самитот. Проектот „Едисон“ е една од главните теми на овој настан и предвидува поставување полначи за електрични автомобили во сите земји во регионот. Средствата за реализација на проектот „Едисон“ се обезбедени од ЕУ.

Програмскиот директор на Самит 100, Јелена Радуловиќ рече дека целта е да се искористат предностите на заедничкиот настап за да се забрзаат порастот и развојот на економијата. Учесниците ќе дискутраат за слободното движење на стоките и услугите и за тоа како локалните идеи можат да достигнат глобален успех. Заклучоците ќе им бдат пртставени на премиерите, кои својот осврт ќе го дадат на „Новиот договор за новата доба“, што воедно е и слоган на овој Самит.

Покрај еврокомесарката за транспорт Виолета Булц, на настанот ќе говорат и претставници на водечките компании од регионот како „Горење“, БМВ, „Подравка“, „Филип Морис“, „Бамби“, АСА Груп, „Атлас фондација“, „Атлантик груп“ и други, како и од меѓународните финансиски инситуции како Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка Сцетска банка и други.

 

Содржината е прочитана 52 пати.