Бизнис вести

Хрватска се подготвува да го воведе еврото во 2022 година

Подготвена е стратегија што ќе биде темелен документ за јавна расправа за воведување на европската валута

понеделник, 09 октомври 2017

Хрватската народна банка подготви стратегија за воведување на еврото, кое би требало да ја замени куната во 2022 година. Стратегијата, што ќе биде објавена на крајот на овој месец и содржи пресметки за бенефициите и можните ризици од влезот во еврозоната, ќе послужи како темелен документ за јавна расправа за воведување на европската валута.

Како што пишуваат хрватските весници, доколку Хрватска ги убеди Европската комисија и останатите држави од еврозоната дека ќе го контролира јавниот долг и дека во разумен рок ќе го намали кон границата од 60 проценти, тогаш би можело да се очекува еврото да стане хрватска валута најрано во 2022 или во 2023 година.
 

Содржината е прочитана 19 пати.