Бизнис вести

Турската авиокомпанија „Онур ер“ заинтересирана за нова авиолинија Охрид - Истанбул

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески ги презентирал условите што ги нуди Македонија со двата аеродроми

понеделник, 09 октомври 2017

Турската авиокомпанија „Онур ер“ планира да ја шрошири сопствената авиомрежа и на македонското небо. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески се сретнал со претставници на компанијата и разговарал за условите за воспоставување нова авиолинија на релација Охрид – Истанбул. Од Министерството информираат дека Сугарески ги презентирал условите што ги нуди земјава на авиокомпании кои се заинтересирани да оперираат со двата аеродроми во Македонија. Тој потенцирал дека зачожба на Владата е да се обезбеди што поширока мрежа на дестинации во Европа и во светот.

„Имав плодна средба со претставниците на ‘Онур ер’. Тие ги образложија плановите за ширење на својата мрежа и во Македонија преку воспоставување нови линии. Ние имаме обврска да се залагаме за развој на авиосообраќајот и во таа насока ќе дадеме поддршка на секоја компанија што сака да оперира во Македонија“, рече Сугарески.

На средбата се разговарало и околу можностите за зголемување на капацитетот на искористеност на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.
 

Содржината е прочитана 151 пати.