Инфо

Намалени цените на угостителските услуги во септември во однос на август

петок, 06 октомври 2017

Цените на угостителските услуги во сепрември годинава се намалени за 0,1 процент во однос на август, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Споредено по групи на услуги, намалување е забележано во групата Храна за 0,2 отсто.

Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.7 проценти.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- септември 2017 година, во однос на истиот период лани е зголемен за 0,7 проценти, додека во однос на декември 2016 година е зголемен за 0,5 отсто.

 

Содржината е прочитана 32 пати.