Бизнис вести

НБРМ пушти во оптек ковани пари за колекционерски цели

петок, 06 октомври 2017

Народна банка пушти во оптек нови ковани пари за колекционерски цели „Година на кучето – богата година на кучето“, „Година на кучето – безбедна година на кучето“, „Руски лавиринт“ и „50 години од Македонската академија на науките и уметностите“.

Цената на кованите пари „Година на кучето – богата година на кучето“ и „Година на кучето – безбедна година на кучето“ изнесува 3.200 денари. Цената на кованaтa парa „Руски лавиринт“ е 4.300 денари, додек на кованaтa парa „50 години од Македонската академија на науките и уметностите“ 2.500 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Дополнителни информации за кованите пари за колекционерски цели се објавени на интернет-страницата на НБРМ www.nbrm.mk.

 

Содржината е прочитана 176 пати.