Бизнис вести

Компанијата „Мултипром“ го проширува производството во економската зона „Ограѓа“

петок, 06 октомври 2017

Домашната компанија за кондиторски производи „Мултипром“ го проширува производството со нови погони.

Во локалната економска зона „Ограѓа“ во општина Илинден е поставен камен темелник на три нови производствени погони со површина од по 2.000 квадратни метри каде се очекува да бидат отворени меѓу 100 и 150 работни места. Според сопствениците на компанијата, новите погони треба да бидат готови идната година.

„Мултипром“, во која денес има над 300 вработени е формирана во 1991 година, а од 2005 стопанисува во општина Илинден. Од Општината наведуваат дека е тоа една од првите компании со кои понува инвестициоскиот цеклус во Илинден која има шест проценти невработеност.

 

Содржината е прочитана 203 пати.