Бизнис вести

Парк Хотел и Спа е бренд лидер на Југоисточна Европа за оваа година

Наградата се доделува веќе 13 години со цел афирмирање на компании и институции кои даваат свој придонес за подигнувањето на стандардите во Југоисточна Европа

петок, 06 октомври 2017

Парк Хотел и Спа е овогодишен добитник на наградата „Бренд Лидер на СЕЕТ“ за 2017 година. Наградата се темели на повеќе критериуми како што се иновативност, висок степен на препознатливост, позиционирање и автентичност.

Оваа награда се доделува веќе 13 години со цел афирмирање на компании и институции кои даваат свој придонес за подигнувањето на стандардите во регионот на Југоисточна Европа. За тимот на Парк Хотел и Спа ова високо признание претставува уште една голема сатисфакција за вложената напорна работа.

Ултра модерниот објект Парк Хотел и Спа беше отворен во септември 2016 година и за само една година овој хотел со пет ѕвезди успеа да се етаблира како на домашниот, така и на хотелскиот пазар во регинот и да се избори со силната конкуренција нудејќи им на своите гости уникатно искуство за време на нивниот престот. Сопствениците ја преставија својата визија за оваа инвестиција за време на церемонијата на отварањето за која, као што рекоа, веруваат дека ќе донесе нови стандарди во хотелскиот менаџмент и бизнисот во Македонија и на Балканот. Тоа и се случи, за што најдобар доказ е доделеното високо признание.

„Ќе продолжиме со имплементација на иновативни решенија и ќе нудиме услуги согласно светските стандарди, нови искуства и понуди во нашиот хотел. За време на роденденската недела планираме да организираме помали настани и промоции за нашите клиенти, гости и нови посетители, со цел да го искусат нашето познато гостопримство“, рече генералниот директор на Хотелот, Панајотис Колокатис, кој е експерт и консултант во областа на хотелскиот менаџмент.

Од 5. до 10.октомври ќе бидат организирани серија различни роденденски настани и понуди од Парк Хотел и Спа, а главниот настан ќе се одржи на 10.октомври.

 

Содржината е прочитана 184 пати.