Бизнис вести

Ќе се прават измени на четири закони од сферата на градежништвото

Градежните конструктори се соочуваат со низа проблеми, несоодветна категоризација на објектите, условите за добивање овластвување за проектирање, низок квалитет на изработка, но и на контрола на проектите

четврток, 05 октомври 2017

Градежните конструктори имаат сериозни забелешки на основните закони од областа на градежништвото, а проблемите со кои се соочуваат и со цел да се среди хаосот во градењето наметнуваат измени на четири закони: Законот за градење, за урбанистичко планирање, за градежно земјиште и на Законот за експропријација.

Претседателката на Друштвото на градежни контруктори на Македонија, проф.д-р Мери Цветковска како главни проблеми во работата ги посочи несоодветната категоризација на објектите и условите за добивање овластувања за проектирање.

„Имаме доста проблеми, прво и основно би ја потенцирала категоризацијата на објектите која што мислам дека во постојниот Закон за градба не е адекватна, потоа условите за добивање овластвување за проектирање кои што треба можеби да бидат построги. Исто така, треба да се подигне квалитетот на изработката и на контролата на проектите“, рече Цветковска на 17 симпозиум на градешжни конструктори што се одржа во Охрид.

Меѓу другото, градежниците предлаат упростување на постапката за издавање на одобренија за градба, затегање на критериумите за издавање лиценци за работа и побрзо спроведување на постапките за експропријација.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески истакна дека Владата секогаш ќе дава логистичка поддршка на се она што е контруктивно како идеја и решение за промена на законската регулатива и ги повика сите заинтересирани да ги достават своите идеи и предлози до работната група којашто е формирана во рамки на Државниот градежен инспекторат а е составена од членови на коморите, здруженијата и бизнис секторот кои со своите идеи ќе бидат вклучени во давање на одредени работи поврзани со измените во законите.

Сугарески нагласи дека власта не планира да прави какви било законски измени без да се слушне мислењето на стручната јавност. Најави дека периодот настанат поради изборите ќе биде искористен за работната група да ги разгледа сите забелешки и да ги достави до Министерството, кое до средината на ноември би требало до Владата да достави јасен предлог за законските измени.

 

Содржината е прочитана 153 пати.