Бизнис вести

Одржан првиот DELL форум во Македонија

среда, 04 октомври 2017

Глобалниот форум DELL EMC што компјутерскиот бренд DELL го организира во 70 земји во светот, годинава за прв пат ја вклучи и Македонија. Првиот DELL EMC форум кај нас се одржана 3 октомври во хотелот„Мериот“во Скопје во соработка со локални партнери и спонзори на DELL.

На форумот претставниците од DELL ги претставија најновите пронајдоци и иновации на компанијата, нови платформи, клауд системи и технологии кои ја потенцираат ерата на дигитална трансформација и виртуелна реалност. Форумот овозможи и поврзување на професионалците од сите бизнис сегменти со трендовите во информатиката и пренесе сознанија за изнаоѓање начини за следење на курсот на следните развојни трендови на ИКТ индустријата.

Дел од форумот беше и ИТД Дистрибуција, која е увозник и дистрибутер на DELL за Македонија и на вљубениците во напредната технологија им овозможи пристап до најсовремените модели на компјутери, најава за нови конфигурации и иновации во компјутерскиот сегмент и можност за вмрежување на своите клиенти и партнери во функција на модернизирање на бизнисот и работењето.

 

Содржината е прочитана 227 пати.