Бизнис вести

Со 53,1 милиони евра Обединетите Арапски Емирати биле најголем инвеститор во Македонија во 2016 година

среда, 04 октомври 2017

Обединетите Арапски Емирати, со вкупно 53,1 милиони евра директни инвестиции биле најголем инвеститор во Македонија минатата година, покажуваат податоците на Народната банка. На второ место е Обединетото Кралство со инвестирани 50 милиони евра, додека на трето се најде Германија, која лани инвестирала 48,4 милиони евра.

Четврт најголем инвеститор во Македонија минатата година била Австрија со вложени 35,2 милиони евра, а по неа следува Турција со директни инвестиции во висина од 32,9 милиони евра.

На листата десет најголеми инвеститори во Македонија во 2016 година се најдоа и Кина со 26,3 милиони евра директни инвестици, потоа Италија со 20 милиони евра, Швајцарија со 18,9 милиони, Бугарија со 17,8 и САД со 17,6 милиони евра дирекнти инвестиции.
 

Содржината е прочитана 194 пати.