Бизнис вести

Првите луѓе на хрватската Царина во посета на Министерствоти за финансии и Царината на Македонија

Директорот на хрватската царина говореше за искуствата и реформите кои ги спровеле во евроинтегративниот процес

вторник, 03 октомври 2017

Тим од Министерството за финансии и од Царинската управа предводен од министерот Драган Тевдовски и директорот на македонската Царина, Ѓоко Танасоски се состана со претставници на хрватската царина на чие чело беше првиот човек на Цсаринската управа и помошник министер за финансии на Хрватска, Хрвоје Човиќ.

На средбата што се одржа во Министерството за финансии, директорот на хрватската царина говореше за искуствата и реформите кои ги спровеле во евроинтегративниот процес. Македонските претставници, пак, ги изложија плановите за реформите во Македонија, особено за промените во акцизното законодавство и воведувањето нови современи ИТ системи. Како што истакна Човиќ, Македонија има силна поддршка и партнер во Хрватска во процесот на интеграција кон ЕУ.

 

Содржината е прочитана 159 пати.