Бизнис вести

Директните грчки инвестиции во Македонија во првото полугодие изнесуваат 2,86 милиони евра

понеделник, 02 октомври 2017

Директните грчки инвестиции во Република Македонија изнесуваат 2,86 милиони евра во првите шест месеци од годинава. Со овие податоци Грција се најде на седмото место меѓу странските инвестиции во Македонија, објави „Нафтемборики“.

Весникот наведува дека податоците се обезбедени од Бирото за врски и Бирото за трговско-економски прашања на Грција во Република Македонија. Во написот се нагласува дека грчките инвестиции во Македонија, во првата половина од 2017 година се поголеми во однос на минатата година.

Во 2016 година вкупната сума на инвестиции била 0,96 милиони евра. На прво место според странски инвестиции во Македонија е Австрија, со 27,3 милиони евра, наведува грчкиот весник.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 148 пати.