Бизнис вести

Лани БДП имал реална стапка на раст од 2,9 проценти

понеделник, 02 октомври 2017

Реалната стапка на раст на БДП во 2016 година, во однос на 2015 изнесува 2,9 проценти, објави Државниот завод за статистика. Според податоците добиени од годишните сметки на деловните субјекти и други извори, БДП во 2016 година изнесувал 598.881 милиони денари и во однос на претходната година бил номинално зголемен за 7,1 отсто.

Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2016 година имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли,транспорт и складирање,објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18.7 проценти).

Во 2016 година финалната потрошувачка номинално растела со 2,6 отсто во однос на 2015 година, додека во структурата на БДП учествувала со 82,1 проценти.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2016 година изнесува 50 проценти.Номиналниот пораст на вредноста на инвестициите во основни средства во 2016, во однос на 2015 година, изнесува 7,7 отсто, додека во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 62.7, проценти, машините и опремата со 30,1 а останатите инвестиции со 7,2 отсто.


 

Содржината е прочитана 138 пати.