Бизнис вести

Министерството за економија ги награди најуспешните хотели и ресторани

Признанија се доделени во повеќе категории – за спа понуда, за квалитет, за нова туристичка понуда, како и за хотели во планински предели

понеделник, 02 октомври 2017

Министерството за економија – Сектор за туризам и угостителство, по повод Меѓународниот ден на туризмот, 27. Септември, ги додели традиционалните признанија за туристичките и угостителски бизниси во неколку категории.

Признанија се доделени за хотели со најдобра спа понуда, за квалитетна понуда, за нова туристичка понуда, за хотели во планиснки предел и за најуспешни ресторани.

За најдобра спа понуда признанија добија: хотел „Буши“ – Скопје, хотел „Изгрев“ – Струга, хотел „ТЦЦ Гранд Плаза“ во Скопје и хотел „Гардениа и Спа “ од Велес.

Првите Топ 5 хотели со квалитетна туристичка понуда се: хотел „Парк и Спа“ од Скопје, хотел „Фламинго“ во Гевгелија, хотел „Дрим“ во Струга, хотел „Континентал“ од Скопје, како и хотелот „Метропол Лаки Ресорт“ во Охрид.

Наградени се и хотелите кои имаат нова туристичка понуда во хотелиерството. Тоа се хотелите „Мериот“ во Скопје, „Њу Стар“ исто така од Скопје, потоа хотелот „Аура“ во Охрид и „Лаки и Спа“ во Охрид.

За најдобри хотели во планински предел се наградени: хотел „Аурора“ – Берово, хотел „Скардус“ на Попова Шапка, „Бостра“ во Маврово, „Молика“ на Пелистер и хотел „Бел Камен“ од Радовиш.

Министерството за економија додели принанија и на најуспешните ресторани. Во оваа категорија наградени се „Воденица Мулино“ од Скопје, „Стара Куќа“ од Скопје, ресторанот „Ноел“ од Тетово, „Стоби“ од Градско и ресторан „Шалом“ од Струмица.
 

Содржината е прочитана 165 пати.