Бизнис вести

Наумов: Туризмот трета најголема извозна гранка

Туризмот е третата најголема извозна гранка и Македонија треба да го искористи овој тренд и да изнајде начини за привлекување на што поголем број туристи

петок, 29 септември 2017

Туризмот е третата најголема извозна гранка и Македонија треба да го искористи овој тренд и да изнајде начини за привлекување на што поголем број туристи, им порача заменик-министерот за економија Кире Наумов на туристичките работници по повод Светскиот ден на туризмот.

Доделувајќи ги традиционалните награди на најдобрите хотелиери, угостители и туристички агенции, Наумов истакна дека минатата година на светско ниво меѓународните граници ги поминале една милјарда и 200 милиони патици, а очекувањата се дека до 2030 година оваа бројка ќе надмине една милјарда и 800 милиони патници.

- Предизвикот пред нас е да изнајдеме начин за привлекување на што поголем број туристи да ја посетат нашата држава и да ја искористиме оваа глобална сила во фукнција на нашиот развој, рече Наумов.

Зголемениот број туристи и ноќевања во 2017 година во однос на 2016 година, според Наумов, даваат надеж дека годинава ќе биде остварен поголем девизен прилив од туризмот и угостителството.

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Александар Донев смета дека вистинските потенцијали коишто ги има Македонија како туристичка дестинација треба одржливо да се развиваат.

(Преземено од МИА) 

Содржината е прочитана 147 пати.