Бизнис вести

Турската „Чагатај кабло“ ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“

Во правата фаза ќе биде изграден објект на површина од 7.000 квадратни метри во вредност од четири милиони евра каде ќе се вработат 100 лица

среда, 27 септември 2017

Во Технолошко-индустриската развоја зона „Бунарџик“ беше поставен камен-темелник на новва фабрика во сопственост на турската компанија „Чагатај кабло“ којашто ќе произведува кабли за автомоблиската индустрија наменети, пред се, за автобусите на „Ван Хол“.

Во правата фаза од реализацијата на проектот ќе биде изграден објект на површина од 7.000 квадратни метри во вредност од четири милиони евра каде ќе се вработат 100 лица. Во наредната фаза објектот ќе се прошири, со што инвестицијата ќе се заокружи на шест мииони евра, а ќе бидат отворени вкупно 300 работни места. Се очекува компанијата да започне со производство кон крајот на март, или на почетокот на април наредната година.

Како што истакна сопственикот на „Чагатај кабло“, Ахмет Короглу компанијата има 35-годишно искуство во овој сектор, а во Истанбул располага со објект на површина од 14.000 квадрати каде се вработени 316 луѓе.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања во Владата, Кочо Анѓушев кој присуствуваше на поставувањето на камен-темелникот рече дека „Чагатај кабло“ го склучила договорот за изградба во 2016 година, но не добила субвенции од Влдата, бидејќи не бил склучен договор за поддршка. Но, согласно новите мерки, кои се во драфт верзија, компанијата сега ќе добие повеќе средства, а субвенција ќе добие и „Ван Хол“, бидејќи, како што рече Анѓушев, ќе користи кабли од „Чагатај кабло“ која ќе се смета како македонска компанија.

„Ние не ги делиме нашите компании на домашни и на странски, тие за нас, се македонски. ‘Чагатај кабло’ е добар примр за останатите компании кои сакаат да инвестираат во зоните и да видат дека Владата ќе ги поддржи“, рече Анѓушев.

Турската компанија „Чагатај кабло“ е основана во 1998 година за производство на жици и кабли претежно за потребите на автомобилската индустрија. Главни клиенти ѝ се водечките производители на автобуси, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила, клима уреди, машини за чистење, специјални аеродромски возила.
 

Содржината е прочитана 152 пати.