Здравје/ Убавина

Промоција на новиот деловен и изложбен простор на „Орифлеим“ - Скопје

Во пријатна атмосфера, со добра забава и со соработниците, тимот и медиумите, македонското претставништво на „Орифлеим“ во петокот го прослави отворањетo на својата нова канцеларијата во земјава

среда, 20 септември 2017

Во пријатна атмосфера, со добра забава и со соработниците, тимот и медиумите, македонското претставништво на „Орифлеим“ во петокот го прослави отворањетo на својата нова канцеларијата во земјава.

Менаџерот на „Орифлеим“ Македонија-Влатко Смилески, ги поздрави присутните и истакна дека нивната задача не е само да продаваат производи, туку и да остваруваат соништа.

- “Убавината е патување, а не дестинација. Патувањето беше многу интересно, но сега УБАВИНАТА ИМА НОВА АДРЕСА - нова, модерна и пристапна локација. Ова е местото каде сите ваши соништа се исполнуваат!, вели Влатко Смилески, Менаџер на Орифлеим Македонија.

Новите канцеларии на „Орифлеим“ Македонија ќе бидат повторно во центарот на градот, на адреса Митрополит Теодосиј Гологанов 42, Скопје, веднаш спроти АМСМ. „Орифлеим“ е сместен на 2 ката: изложбен центар на приземјето, и канцелариите на 1 кат. Новиот простор на „Орифлеим“ е модерен, светски и ја отсликува шведската култура, што го прави уникатен сам по себе –достапен, природен, прогресивен, доверлив. Шведска е позната по иновативноста и по тоа што е секогаш чекор пред другите. Орифлеим се води од истата страст, секогаш да биде подобра компанија, компанија која ги следи најновите трендови во модата, технологијата и општествениот живот. За „Орифлеим“ тоа е основата, односно нудат одлична можност, високо квалитетни производи и сето тоа по одлична цена.

- “Во Македонија, успешно работиме веќе 21 година, благодарејќи пред се на сите наши потрошувачи, вработени и нашите Лидери, кои имаат страст за убавина и остварување на соништа - на шведски начин! Заеднички, комбинирајќи ги предностите на глобална компанија со локалното знаење и претприемачкиот дух на нашите Лидери создаваме победничка формула. Денес, но и во иднина. Веруваме дека од сега па натаму ќе имаме прилика да бидеме поблизу до нашите потрошувачи, Консултанти и Лидери – користејќи го целиот потенцијал и атрактивноста на просторот, кој е уште едно нешто што не одделува од конкуренцијата, дополнува Смилески.

Компанијата исто така истакна дека темел за нивната посветеност се токму потрошувачите и консултантите чии соништа имаат голема улога во понатамошниот развој на нивните производи и бизнис планови кои имаат за цел да го олеснат развојот на нивното работење.

“Ние веруваме во соништата.. Ние веруваме во убавината. Ние веруваме во вас.“, велат од компанијата.
Со ова „Орифлеим“ уште еднаш покажа дека соништата стануваат стварност, што е една и од водечките цели и мотивации на брендот.

По 50 години постоење „Орифлеим“ е козметички гигант, посилен од било кога и со докажан интернационален успех. Создадоа глобална заедница од над 3.5 милиони Консултанти во повеќе од 60 земји на ширум светот. Успехот се базира на врвниот квалитет на сите нивни производи, од производи за нега на кожа со врвни перформанси, преку Велнес производите за убавина одвнатре, се до врвната декоративна козметика.


 

Содржината е прочитана 52 пати.