Саем

24. ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ВО ТИРАНА

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Klik Ekspo Group“, ве поканува да бидете дел од 24. Интернационален саем во Тирана

вторник, 19 септември 2017

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Klik Ekspo Group“, ве поканува да бидете дел од 24. Интернационален саем во Тирана. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 23 – 26 ноември 2017 година во просториите на Конгресната палата во Тирана, Р. Албанија.

Минатогодишниот 23. Интернационален саем во Тирана беше прогласен за еден од најзначајните деловни настани во Албанија. На манифестацијата повеќе од 280 учесници ги изложија своите производи. Компании од Италија, Грција, Полска, Унгарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Шпанија, Австрија, Еквадор, Франција, Турција, Македонија, Косово, Финска,Кина,Тајван, Америка, и др. беа посетени од повеќе од 20.000 посетители.

Како и изминатите, така и овогодинешниот саем е наменет за оние кои се занимаваат со:
• градежништво;
• енергија и обновливи извори на енергија;
• бела техника;
• ИТ;
• прехрана;
• земјоделие;
• текстил и мода;
• туризам;
• образование;
• банкарство;
• маркетинг и др.

Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 13 октомври 2017 година (петок).

Сите заинтересирани компании за подетални информации во врска посета и учеството на настанот, можат да контактираат со:
- Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091,
е-адреса: sanja@mchamber.mk
 

Содржината е прочитана 53 пати.