Здравје/ Убавина

Совети од ординациите на ДР. ВАИС - Доење и опаѓање на косата

Во периодот на бременоста естрогенот кој го има во поголема концентрација отколку вообичаено, ја штити жената, па кожата, косата и ноктите се беспрекорни

вторник, 05 септември 2017

Во периодот на бременоста естрогенот кој го има во поголема концентрација отколку вообичаено, ја штити жената па кожата, косата и ноктите се беспрекорни. Опаѓање на коса скоро и нема , ноктите побрзо растат, а кожата е блескава.

Естрогенот ја продолжува фазата на раст на влакното односно анагената фаза па затоа и мал дел од влакната опаѓаат. Но, по пораѓањето нивото на естроген започнува да опаѓа и започнува период на доење и хормонот пролактин го зазема своето место доведеувајки до постпарталног еффлувиум (опаѓање на коса по породувањето).

Опаѓањето најчесто започнува 3 месеци по породувањето. Оваа појава е потполно нормална и може да трае се додека бебето не наполни 1 година. Во овој период дневно опаѓаат и по неколку стотини влакна.Ова е период кога влакното поминува во фаза на мирување.

За време на овој период е важно да се храните правилно, здраво, да внесувате доволно витамини и минерали се со цел унапредување на вашето и здравјето на вашето бебе. Држењето на диети може да го влоши веќе зголемениот губиток на косата.

Некои од советите за зачувување на косата е избегнување на фенирање, пегли за коса, врзување на косата во реп или плетенка…

Во тој период треба да се започне со биостимулативни третмани. На тој начин жената превентивно делува на квалитетот на својата коса. Тоа пред се важи за жените кои пред бременоста имале слаба и тенка коса.

Биостимулативните третмани во нашите центри  Др. ВАИС во кои активно се занимаваме со лечење на алопеција подолго од 25 год, се состојат од домашна ампуларна терапија и ласерска биостимулација со софт ласери со различни бранови должини. Истите немаат никаков ефект врз квалитетот на млекото и здравјето на бебето. 

Содржината е прочитана 232 пати.