Бизнис вести

ВИП одбележува 10 години на македонскиот пазар

Телекомуникацискиот оператор Вип одбележува десет години од почетокот на работењето на македонскиот пазар

четврток, 31 август 2017

Телекомуникацискиот оператор Вип одбележува десет години од почетокот на работењето на македонскиот пазар.

Раководството на компанијата на прес-конференција истакна дека Вип има над милион и двесте илјади корисници.

Минатата година Вип инвестирале над 35 милиони евра во изградба на сопствената 4Г ЛТЕ и 4Г + мрежа со која, како што потенцирараководството, на корисниците им овозможува најбрз, квалитетен и стабилен пренос на податоци, како и најсовремена мобилна комуникација и повици со HD квалитет.

Со изградените преку 750 базни станици низ целата земја, Вип овозможува покриеност на над 99,8 проценти од населението.

- Продолжуваме понатаму со засилена динамика, иновативност и посветеност уште поинтензивно да им го овозможуваме на корисниците најповолното, најквалитетното и најиновативното од светот на телекомуникациите и тоа по најдостапни цени и супериорна услуга, рече Димитар Ковачевски, извршен директор на оне.Вип.

(Преземено од МИА) 

Содржината е прочитана 255 пати.