Здравје/ Убавина

КАКО ДА ИМАТЕ ЗДРАВИ СТОПАЛА

НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА ДА ПОСВЕТИТЕ ВНИМАНИЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ НА СТОПАЛАТА, ТИЕ СЕ ВАШ СТОЛБ

среда, 16 август 2017

Во нашите центри Др ВАИС со СКЕНЕРОСКОПСКИ АПАРАТ се прегледува ноктот за да се постави точна дијагноза.

Тој преглед овозможува и да се процени зафатеноста на ноктот со инфекција или делот на враснување што е битно за терапијата и за резултатите од истата.

Терапијата на ГАБИЧНИ НОКТИ во центрите Др ВАИС се состои во отстранување на заболениот дел од ноктот и примена на антимикотици. Се применува посебна подолошка техника со која инфицираното ткиво од ноктот се отстранува и на тој начин се отвара пат за подобар продор на антимикотичните препарати.

Последователно добиваме раст на здрав нокт. Техниката е потполно безболна и атрауматска. Ноктите на нозете растат бавно, дневно само по 0,07мм !

Поради тоа се потребни 6 месеци за да се обнови ноктот.

Проблемот со ВРАСНАТИТЕ НОКТИ обично се јавува на палците на нозете. Медицинскиот третман е неопходен кој исто така вклучува безболност при интервенирање на истот. Се сече враснатиот дел, како и гранулацијата создадена околу него. Така обработен, нокотот овозможува околното ткиво со тек на време да се регенерира а кога ке почне да расте ке си го пронајде своето лежиште.


 

Содржината е прочитана 387 пати.