Бизнис вести

Марк Лејланд е нов генерален менаџерна Скопје Мериот Хотел

Најголемиот ланец на хотели во светот,МериотИнтернационал, пред повеќе од една година ги отвори вратите на Скопје Мериот Хотел во нашата држава. Брендоткој важи за еден од најелитните во светот со својата 90 годишна традиција и присуството во 122 земјисо повеќе од6000 хотели во целост ги оправда големите очекувања во Скопје

среда, 16 август 2017

Најголемиот ланец на хотели во светот,МериотИнтернационал, пред повеќе од една година ги отвори вратите на Скопје Мериот Хотел во нашата држава. Брендоткој важи за еден од најелитните во светот со својата 90 годишна традиција и присуството во 122 земјисо повеќе од6000 хотели во целост ги оправда големите очекувања во Скопје.

Од почетокот на овој месец Скопје Мериот Хотел,кој минатата година стана добитник и на наградата за најдобар бизнис хотел, Златна монета,го именуваше Британецот МаркЛејланд за нов генераленменаџер.

Марк Лејланд e вистински професионалец со богата кариера во Мериот која ја започнува уште во 2003-та година како менаџер за храна и пијалаци во хотелот во Абердин. Од тогаш тој бил на највисоки менаџерски функции во уште 4 хотели на Мериот во Велика Британија. Неговото искуство и лидерските способности, како и забележителниот успех во работата,му овозможуваат да биде промовиран во генерален менаџер на Мериот хотелот во Јорк. Марк успева да го позиционира хотелот како рекордер во остварен приход за 2014година. Потоа неговата кариера продолжува во Мериот хотелот во Портсмут каде продолжува со својата практика да руши рекорди во профит и продажба. Пред да дојде на челното место во Скопје Мериот Хотел тој се стекнува со дипломата Honours in Hospitality Business Management од Универзитетот во Лидс за потоа 8 месеци да гозбогатува искуството во елитните хотели низ Азија.

Тимот на Скопје Мериот Хотел надополнет со искусен лидер каков што е МаркЛејланд ќе продолжи со остварување на зацртаната стратегијата на еден од престижните брендови во светот за постојано унапредување и зацврстување на лидерската позиција на МериотИнтернационалво Македонија.

 

 

Содржината е прочитана 701 пати.